Дома Останати Тенис Познато колку пари чинат билетите за мечот Ѓоковиќ – Алкараз во финалето на Австралија Опен

Познато колку пари чинат билетите за мечот Ѓоковиќ – Алкараз во финалето на Австралија Опен

Сè е подготвено за големото финале на Австралија Опен, каде ќе го гледаме нашиот Новак Ѓоковиќ како се обидува уште еднаш во својата кариера да испише нови страници на историјата. Тој ќе игра против Карлос Алкараз и ќе се обиде да стигне до 11-тиот трофеј на територијата на Мелбурн, додека, нивната пресметка чини вистинско богатство!

Новак Ѓоковиќ направи големо изненадување, сензација, иако е најдобриот кој некогаш држел рекет во раце, тој беше исклучително потценет во полуфиналето против Јаник Синер кого го изгони со 3:2 и така закажа пресметка со Шпанецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Секако, ова е уште една прилика да го видиме дуелот на “старата” и “новата” школа на тенис, прашање е колку уште пати ќе имаме можност да го видиме истото, па затоа и треба да уживаме во оваа прилика. Сепак, работите се малку поинакви, па е прашање и колку може да се ужива во ваков дуел, со оглед на цената на билетите.

Еден од навивачите ги објави цените за финалниот дуел, а најевтините билети чинат вртоглави 1.900 австралиски долари! Да биде и полошо, станува збор за не толку добри места, што може да се види и на сликата, како што би рекле во Македонија – “гнездо за гулаби”.

Овој корисник на социјалната мрежа “X” додаде и коментар.

Ефектот на Ѓоковиќ. Лани бев во Мелбурн и цената беше околу 700-800 долари. Ова сега се најевтините билети и тоа на самиот врв.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри важна информација пред финалето на Австралијан опен

Новак Ѓоковиќ во недела ќе се соочи со Карлос Алкараз во финалето на Австралија Опен, а ср…