Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии на светот, од каде секоја сезона излегуваат нови таленти.
Минатата сезона посебно се истакна Ламин Јамал, кој на Европското првенство се етаблираше во еден од најдобрите таленти во светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Лапорта потврди дека ова лето стигнала понуда од 250 милиони евра, која веднаш била одбиена.
Сега потпретседателот на клубот, Енрик Масим потврди дека понудата дошла од Франција со што алудираше на ПСЖ.
„Претседателот веќе кажа дека имал понуда вредна 250 милиони, која ја одбил и нагласил дека никогаш не ја разгледал. Таа дојде од Франција. Па, кога имаш пари и можеш да си дозволиш толкав износ, можеш да се надеваш и да се обидеш да го земеш целиот свет“, изјави Масим.