Дома Фудбал Познати детали од новиот договор на Салах – еве зошто одлучил да остане!

Познати детали од новиот договор на Салах – еве зошто одлучил да остане!

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, според британските медиуми, треба да потпише нов договор со клубот.

Иако постои страв дека Салах би можел да го напушти клубот од „Енфилд“ ова лето како слободен агент, изгледа дека е постигнат договор помеѓу него и Ливерпул.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред неколку дена се појавија информации од Египет за неговото останување во Ливерпул, а сега и „Мирор“ пишува дека договорот е постигнат. Имено, најдобриот играч на тимот оваа сезона треба да потпише нов, двегодишен договор со клубот. Предлогот на Салах и неговиот агент Рами Абас беше за тригодишна соработка, но раководството на Ливерпул се стремеше кон договор за една година.

На крајот, се договориле за средина и договорот ќе биде потпишан до 2027 година, иако не е познато дали ќе добие покачување повеќе од 400.000 фунти неделно, колку што заработува според актуелниот договор.

Салах е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул, според многумина. Досега има постигнато 226 голови на 370 натпревари. Оваа сезона е блескав со 15 голови и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите револтирани: Перез сака да плати 27 милиони фунти за фудбалер кој никој не сака да го види во Реал Мадрид

Ново трансфер-поглавје се отвора на релацијата помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Сп…