Дома Фудбал Повеќе нема дилеми: Ова е новиот спортски директор на Милан!

Повеќе нема дилеми: Ова е новиот спортски директор на Милан!

Конечно, дилемите се расчистија – Игли Таре ќе ја преземе функцијата на спортски директор на Милан.

Неговото име долго време се поврзуваше со клубот, а по интензивни преговори низ неколку месеци, договорот е финализиран и наскоро се очекува официјално претставување.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поранешниот фудбалер на Лацио, Марко Пароло, нагласи дека Таре ќе внесе “харизма, авторитет и визија” во Милан.

“Тој ќе донесе вистинска вредност за клубот. Ќе биде полн со енергија по последните две сезони,” истакна Пароло.

Пароло исто така посочи што се очекува да донесе Таре на „Сан Сиро“.

“Харизма, авторитет и јасна визија. Тој секогаш се однесува исто со сите, помнам како реагираше кога Клосе или Луис Алберто правеа нешто што не му беше по волја,” додаде Пароло.

Како најголема сила на Таре, Пароло ја истакнува неговата способност да ги доведе Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Луис Алберто во Лацио.

“За време на трансферните периоди, се повлекуваше во својата канцеларија за длабока анализа на потенцијалните засилувања,” изјави тој.

Фото: AC MIlan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Измама на векот: Познат клуб плати над 120 милиони евра за пет играчи кои никогаш не дојдоа

Лион повторно се најде во центарот на скандалот откако угледниот француски весник „Л’…