
Хрватскиот голман Филип Ивиќ беше отпуштен од Ракометниот клуб Војводина поради присуството на концерт на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон.
Осуда дојде и од Ракометниот клуб Партизан, а Ивиќ се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до својот поранешен клуб.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тој нагласи дека сите негативни толкувања за неговото присуство на концертот се целосно неоправдани.
“Сум бил воспитан да ги сакам своите, а да ги почитувам другите. Во досегашната моја кариера имав чест да бидам дел од екипа со играчи од различни нации, вери и политички убедувања. Ние се натпреварувавме само на теренот, во духот на фер-плејот, а надвор од спортските терени бевме неразделни. Оваа вечер за мене беше емоционална поради тоа што на концертот отидов без мојот најдобар пријател Никола Покривач, кој трагично го изгуби животот неодамна, а како репрезентативец го славеше победите на нашите Ватерни со песни за заедништво и поврзаност, како што е ‘Лијепа ли си…’. Секоја негативна интерпретација за моето присуство на тој концерт, освен што уживав во музиката која ги спојува луѓето и му одадов чест на мојот пријател, е целосно неоснована”, напиша Ивиќ на социјалните мрежи и додаде:
“Секако, го почитувам правото на мојот од сега поранешен клуб да донесува деловни одлуки според своите проценки. На моите поранешни соиграчи со кои сè уште не заиграв и на мојот поранешен клуб РК Војводина искрено им посакувам се најдобро и успех на спортски терен. Јас продолжувам да тренирам, да се борам за спортските вредности и олимпискиот дух од мојата професионална кариера и да бидам она што сум најдобар – спортски човек со отворено срце и ум. Ве молам ова да го сметате како мој единствен јавен исказ на оваа тема. Ја сакам мојата татковина, мојот народ и мојата вера. Спортски поздрав, Филип Ивиќ”.
Сè уште не е познато каде хрватскиот голман ќе ја продолжи својата кариера.