Дома Фудбал Поранешната голема надеж на Тотенхем може да ја заврши кариерата на 29 години

Поранешната голема надеж на Тотенхем може да ја заврши кариерата на 29 години

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али, кој во едно време се сметаше за еден од најдобрите играчи во средината на теренот светски, сега размислува за заминување во пензија иако има само 29 години.

Али блескаше во Тотенхем од 2015 до 2022 година, но по напуштањето на клубот од Лондон, неговата кариера тргна во надолна линија.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Три години беше дел од Евертон, но ретко беше на теренот поради честите повреди, а среќата не ја најде ниту во Бешикташ. Се обиде да ја оживее кариерата со премин во Комо минатата сезона.

Но, за Комо одигра само 10 минути. Во својот дебитантски натпревар против Милан доби црвен картон, а на почетокот на новата сезона италијанскиот клуб му даде отказ.

Играч кој 37 пати ја носеше дресот на репрезентацијата на Англија и беше незаобиколен член на основната постава на „Гордиот Албион“ од 2016 до 2018 година, сега е без клуб. Според италијанската Gazzetta, тој сериозно размислува за крај на кариерата.

Ако не успее брзо да пронајде нов ангажман, тоа навистина би можел да биде крај на кариера која имаше потенцијал да биде навистина голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шешко може да заврши во Премиер лигата, но не во Манчестер јунајтед!

Њукасл испрати официјална понуда до Лајпциг за Бенјамин Шешко, при што словенечкиот напаѓа…