
Поранешниот фудбалер на Портсмут, Лусиен Оби заработи две години затвор, од кои 12 месеци се условни, откако беше прогласен за виновен за измама!
Оби помина четири месеци во Портсмут, на почетокот на 2008 година, на позајмица од француски Ленс. Поранешниот конгоански репрезентативец, со пет натпревари за својата земја, одигра три настапи во Премиер лигата за тимот на Хари Реднап, но пропушти сезона за освојување на ФА Купот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Оби, кој сега има 40 години, играше и за Тулуз, Рен, Ремс, како и за клубови во Турција и Кипар, а беше осуден за измама на својот пријател Себастијан, изнудувајќи од него повеќе од 120.000 фунти во 2015 година.
За време на судењето, беше откриено дека Оби го убедил Себастијан да инвестира пари во основање компанија за музичка продукција. Оби и неговиот соучесник Мохамед Диа наводно му кажале на Себастијан дека ќе заработат 1 милион фунти за три години.
Себастијан, кој претходно доби отштета од 170.000 фунти по сообраќајна несреќа, никогаш не ги видел своите пари.
- Изгубив се, а жена ми сакаше да се самоубие. Моравме да се разделиме, а двајцата се смееја на сето тоа – изјави Себастијан.
Оби ќе мора да ги врати и парите што ги украл, со одредена камата.