Дома Моторспорт Поранешен инженер на Ферари открива зошто Хамилтон е бавен во италијанскиот тим

Поранешен инженер на Ферари открива зошто Хамилтон е бавен во италијанскиот тим

Седумкратниот светски првак сеуште има проблеми со новиот болид, а експертот од внатре укажува на техничките причини за неговите слаби настапи. Сè укажува на сериозна несогласност помеѓу болидот SF-25 и стилот на возење на Хамилтон.

Пристигнувањето на Хамилтон во Ферари беше вистински шок за светот на Формула 1, кој веднаш почна да сонува многу, но засега, неговото доаѓање не се исплатеше ниту за тимот, ниту за возачот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Особено тежок момент беше забележан во Џеда, каде што Хамилтон призна дека не гледа решение за своите проблеми.

Многумина дебатираат што би можело да биде проблемот, а сега и бившиот инженер на Ферари Роб Смедли понуди конкретно техничко објаснување зашто Хамилтон не може да се снајде со новиот болид.

„Болидот едноставно не е лесен за возење”, рече Смедли во подкастот F1 Nation.

„Дефинитивно не одговара на стилот на Хамилтон. Шарл може нешто подобро да се снајде на квалификациите, но клучот е во стабилноста на задниот дел.”

„Ако болидот е ‘немирен’ на задниот дел, Луис не е задоволен и не може да го извлече максимумот. Така е неговиот стил на возење”, објасни Смедли.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Даниел Рикардо хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Австралија

Според информации од повеќе медиуми како PlanetF1, поранешниот возач на Формула 1, Даниел …