Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсон во боксерски меч кој предизвика многу полемики, а многу фанови веруваа дека исходот од борбата е наместен.
Имено, се појави видео се гледа како поранешниот светски шампион се воздржувал да не го удри јутјуберот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По таквите коментари во јавноста се огласи Пол кој одговори на критиките.
„Што сакаат луѓето? Сакаат да изгубам и тоа е единствениот начин да им биде забавна борбата. Ова е борба, ова е спорт. Понекогаш натпреварите од НФЛ завршуваат со десет поени на секоја страна и тие се здодевни, па не се наместени. Луѓето не ја разбираат мојата силла и брзина, тоа е причината поради која Мајк ме промашуваше“, изјави Пол.