Дома Моторспорт Пол позиција за Ред Бул во Остин: Ферстапен пред Норис и Пјастри!

Пол позиција за Ред Бул во Остин: Ферстапен пред Норис и Пјастри!

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, го постигна најдоброто време во квалификациите за спринт трката на Големата награда на Соединетите Американски Држави.

Холандскиот пилот дојде до пол-позицијата со круг од 1:32.143 минути, оставајќи го зад себе Ландо Норис од Мекларен со заостанување од само 77 илјадитинки.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Одличниот резултат за британскиот тим го заокружи и Оскар Пјастри, кој е прв во генералниот пласман, завршувајќи на третата позиција, нешто повеќе од три десетинки зад Норис.

Најголемото изненадување на квалификациите го направи Нико Хилкенберг од тимот Кик Заубер, кој ќе стартува од четвртата позиција. По него следат Џорџ Расел во Мерцедес и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Карлос Саинц беше седми, пред Луис Хамилтон, кој ќе ја започне трката од осмото место. Петтата стартна линија ја пополнуваат нивните тимски колеги – Алекс Албон и Шарл Леклер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Војната на Блискиот Исток го менува календарот на Ф1?

Воените случувања на Блискиот Исток целосно го нарушија целиот свет, и затоа Формула 1 раз…