
Четириесет и четиригодишниот возач Фелипе Маса сака да биде признаен како светски шампион од 2008 година, 17 години по контроверзниот инцидент на Големата награда на Сингапур.
Маса бара штета од околу 80 милиони долари од ФИА – управното тело на авто-мото спортот – Формула 1 и Берни Еклстон поради наводното прикривање на скандалот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Инцидентот датира од 2008 година, кога Луис Хамилтон ја освоил својата прва титула шампион во Формула 1. За време на трката, Нелсон Пике помладиот намерно излета од патеката со неговиот Рено за да му овозможи предност на својот тимски колега Фернандо Алонсо, кој на крајот и победи.
Маса, кој таа година ја загубил титулата од Хамилтон за само еден поен, тврди дека би станал светски шампион ако тој инцидент не се случил.