Дома Фудбал Почна „чистката“ во соблекувалната на Барселона, Флик дефинитивно ги отпиша пет фудбалери

Почна „чистката“ во соблекувалната на Барселона, Флик дефинитивно ги отпиша пет фудбалери

Ханси Флик им порача на челниците на Барселона дека летово мораат да направат одредени промени во играчкиот кадар доколку сакаат каталонскиот клуб конечно да ја освои Лигата на шампионите следната сезона. Веќе е познато кои играчи германскиот тренер дефинитивно ги отпиша.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекуваше од Барселона дека оваа сезона конечно ќе ја освои Лигата на шампионите за која чекаат од 2015 година, но тоа нема да се случи.

Каталонците се простија од ова натпреварување веќе во четвртфиналето со пораз од Атлетико Мадрид и сега им останува да ја осигураат титулата прваци на Шпанија бидејќи имаат предност од девет поени пред Реал.

Во Барселона веќе почнаа сериозно да се подготвуваат за летниот преоден рок, со намера да доведат неколку звучни засилувања.

Каталонски Спорт објави дека Флик порача дека не му се потребни играчи кои моментно се на позајмици и дека е најдобро летово воопшто да не се враќаат во соблекувалната на Барселона, и дека клубот треба што побрзо да ги продаде.

Станува збор за Марк-Андре тер Штеген, Инаки Пења, Хектор Фор, Арон Јакобишвили и Ансу Фати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…