
Кајри Ирвинг планира да потпише тригодишно продолжување на договорот со Далас Маверикс, вредно 119 милиони долари. Ирвинг, кој ќе има опција да стане слободен играч во сезоната 2027./28., се опоравува од пукање на предниот крстен лигамент со што ја заврши својата сезона уште во март.
Деветкратниот „All-Star“ играч изјави дека сака да изгради наследство со Маверикс, верувајќи дека франшизата може да го освои првенството на лигата. На паркетот би требал да се врати по повредата и операцијата во јануари.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Минатата сезона 33-годишниот Ирвинг во 50 натпревари во просек постигнуваше 24,7 поени, остваруваше 4,8 скокови, 4,6 асистенции, 1,3 украдени топки и играше во просек 36,1 минути. Во скоро три сезони со Маверикс, Ирвинг во 128 натпревари од основниот дел, сите во почетната постава, во просек постигнуваше 25,5 поени со 4,9 скокови, 5,1 асистенција, 1,3 украдени топки и играше во просек 35,9 минути.