
Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го потпишаа
договорот за спонзорство со што се одбележуваат 45 години континуирано
партнерство и поддршка на македонскиот ракомет. Договорот го потпишаа
генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ и претседателот на РФМ
Александар Стефанов, а на настанот присуствуваа и голем дел од
репрезентативците.
Пивара Скопје, како една од најстарите и реномирани компании во земјава, преку
ова партнерство уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност кон
спортот, заедницата и вредностите кои ги обединуваат македонските граѓани.
Соработката се темели на заеднички вредности кои ги делиме, како тимска
работа, истрајност, фер – плеј и континуирана поддршка на спортскиот развој,
изјави Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара Скопје.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„45 години партнерство со РФМ се доказ дека кога веруваш во спортот и луѓето
резултатите се неизбежни. За нас, ова не е само спонзорство, туку долгорочна
посветеност кон македонскиот ракомет, неговиот развој и иднина. Горди сме што
продолжуваме да стоиме зад спорт кој обединува генерации и носи радост на
целата македонска нација. Благодарност на РФМ, селекторот, капитенот и целата
екипа: вие го носите дресот, а ние ја носиме одговорноста да сме со вас на секој
меч, во секоја сезона. 45 години заедништво нè обврзуваат, а следните 45 нè
инспирираат. Нашата заедничка приказна, Пивара Скопје и РФМ, продолжува,“
рече Лазиќ.

Претседателот на РФМ нагласи дека поддршката од долгорочните партнери е
клучна.
„Четириесет и пет години континуирана поддршка од Пивара Скопје е вистински
пример како треба да се однесува една општествено одговорна компанија. Вашето
партнерство со РФМ остави силен белег врз македонскиот ракомет и врз спортот
во целина. Убедени сме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина и ќе биде
поттик за нови успешни спортски приказни. Нашата амбиција е јасна, ракометот да
биде број еден спорт во земјава, да носиме успеси и да создаваме моменти на
радост за сите во Македонија. Ви благодариме за довербата и за континуираната
поддршка. Заедно ќе се радуваме на нови успеси и победи, “ изјави Александар
Стефанов, претседател на РФМ.
5 години партнерство меѓу Пивара Скопје и РФМ претставува силен пример за
долгорочна соработка заснован на доверба и заедничка визија. Низ годините ова партнерство придонесува за поддршка на македонскиот ракомет како еден од
најпрепознатливите македонски спортови кој носи бројни меѓународни успеси.
Со потпишување на овој договор, Пивара Скопје и РФМ ја продолжуваат
заедничката мисија за развој и унапредување на македонскиот ракомет и
промоција на спортските вредности меѓу младите. Ова е потврда дека успешните
приказни во спортот се градат со посветеност и континуитет.