
Флорентино Перез е свесен дека ќе треба да започне реконструкција на тимот, а како што стојат работите, за да ги реализира своите замисли, ќе го собори и светскиот рекорд.
Реал Мадрид отсекогаш бил клуб што ги поместува границите, било по бројот на титули како трите последователни Лиги на шампиони или по прашање на најголемите трансфери.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Познато е дека „Кралевите“ беа првиот клуб што реализираше два трансфера поголеми од 100 милиони евра, со ангажирањето на Кристијано Роналдо и Герет Бејл пред 10-15 години.
Во меѓувреме, Реал стана далеку најгламурозниот клуб во светот и атрактивен апсолутно за сите, и Флорентино Перез игра на таа карта.
Голема желба на Перез е да го доведе Вилијам Салиба, кој одигра впечатливо за Арсенал токму во елиминацијата на Реал во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Според информациите од Франција, Перез наводно му порачал на Салиба да дојде во Реал и да стане водач на одбраната на повеќекратниот европски првак.
Фото: Принтскрин