Дома Фудбал Перез има замена за Винисиус доколку Бразилецот замине во Саудиска Арабија

Перез има замена за Винисиус доколку Бразилецот замине во Саудиска Арабија

Веќе со месеци се шпекулира дека Винисиус Жуниор има астрономска понуда од Саудиска Арабија и дека воопшто не е толку невозможно да го напушти Реал Мадрид. Кралевите преговараат со него за нов договор, но воедно најдоа и резервно решение кој играч ќе го доведат доколку Бразилецот на крајот замине.

Минатото лето фудбалската јавност беше изненадена од информацијата дека Винисиус Жуниор би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона и дека на маса има неверојатна понуда од Саудиска Арабија.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Саудијците вложуваат огромни пари во промоција на нивната најсилна лига во која веќе сега играат сериозни ѕвезди, а со доаѓањето на Винисиус кој е на врвот од својата кариера сигурно би ја покажале најголемата моќ досега.

Иако Винисиус неколкупати изјави дека неговата цел е да остане во Реал Мадрид што подолго, и дека преговара со клубот за продолжување на соработката, се чини дека понудата што ја има на маса не може така лесно да се одбие.

Меѓутоа, шпанските медиуми наведуваат дека Флорентино Перез сака да има и резервна опција бидејќи е свесен како работите во фудбалот се менуваат преку ноќ, и дека веќе сега знае кој играч ќе го доведе доколку Винисиус замине.

Се појави информација дека во тој случај Реал Мадрид со сите средства ќе тргне по Ерлинг Халанд и дека имаат јасна визија како ќе изгледа тимот ако по некое чудо Винисиус замине ова лето.

Фотографија: Реал Мадрид/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Арсенал спрема трансфер од 70 милиони фунти

Една од главните задачи на Арсенал во летниот трансфер период е да доведат одличен напаѓач…