Дома Фудбал Перез ги договори условите: Ќе падне важен потпис во Мадрид до 2030 година

Перез ги договори условите: Ќе падне важен потпис во Мадрид до 2030 година

Брахим Дијаз ќе потпише и официјално нов договор со Реал Мадрид.

Иако не е редовен стартер, Мароканецот е важен дел од тимот и има голема доверба од Чаби Алонсо и Флорентино Перез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид одлучи да му понуди нов договор, до 2030 година и останува само официјализацијата.

Брахим Дијаз пристигна во Реал од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17.000.000 евра, но мораше да се кали во Милан. На „Сан Сиро“ играше од 2020 до 2023 година, а потоа се врати по истекот на позајмицата.

Ако се погледне неговиот вкупен учинок од 139 натпревари, постигна 21 гол и запиша 23 асистенции.

Чаби Алонсо очигледно смета дека во следните години може да биде од голема важност, бидејќи може да игра на повеќе позиции и секогаш прави разлика кога влегува од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе му даде 60.000 евра на полицаец, принуден е да замине во пензија

Полицаецот кој беше задолжен за безбедноста на фудбалската репрезентација на Франција е ка…