
Maнчестер Сити сезонава не игра на највисоко ниво, а уште еден удар беше доживеан во вторникот кога тимот го заврши учеството во осминафиналето на Лигата на шампионите. Шпанецот има цврста намера на крајот на сезоната со огромна инвестиција да го реши проблемот, а веќе се знае и за кој играч има сериозен интерес.
По минатата сезона која беше за заборав, многумина очекуваа дека Гвардиола ќе успее да го врати Манчестер Сити на врвот, но тоа изгледа дека нема да се случи.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Граѓаните го претрпеа новиот удар во вторникот кога нивното учество во Лигата на шампионите заврши веќе во осминафиналето, поради поразот од Реал Мадрид.
За Пеп ова е сигурно тежок удар, а единствената надеж им останува во Премиерлигата, каде во овој момент се на второ место зад Арсенал.
Традиционално, во Манчестер Сити изгледа дека Гвардиола ќе се обиде да ги реши проблемите во тимот со огромни финансиски вложувања за нови засилувања.
Англиските медиуми известуваат дека на „Етихад“ веќе интензивно се подготвуваат за летниот трансфер период и дека повторно ќе имаат значајни финансиски средства на располагање.
На листата на желби на Граѓаните се наоѓаат неколку имиња, но за еден играч шпанскиот тренер има посебен интерес.
Според “Телеграф”, Гвардиола има намера да го донесе Сандро Тонали од Њукасл, бидејќи смета дека средината на играта е најголемиот проблем во неговата екипа и дека таму се потребни нови засилувања.
Пеп верува дека Тонали е вистинскиот избор и ќе се обиде да направи сè што може за да го донесе репрезентативецот на Италија во Манчестер Сити ова лето.
Сепак, трансферот на Тонали нема да биде евтин и Сити ќе мора да плати околу 100 милиони евра, бидејќи од Сент Џејмс Парк информираат дека нема да го пуштат за помалку.
Тонали пристигна во Њукасл од Милан пред скоро три години, кога за него платија 60 милиони евра на Милан.