Дома Фудбал Пеп има нови желби: Манчестер сити тргнува по два бека!

Пеп има нови желби: Манчестер сити тргнува по два бека!

По релативно неуспешната сезона, Манчестер Сити е решен да остане на врвот, а неуспехот од минатата година да биде само привремен. Клубот од Етихад веќе работи на освежување на тимот.

Процесот на трансформација е во полн ек. Уште во јануари се приклучија нови имиња како Омар Мармуш, Нико Гонзалес, Абдукодир Хусанов и Витор Рајс. Истиот импулс ќе продолжи и во летниот трансфер период.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Кога станува збор за бековската позиција, огледно е дека времето на Кајл Вокер во Сити заврши, а Гвардиола сака да најде потрајни решенија за левата страна каде што често играл принудно Јошко Гвардиол. Каталонскиот стратег има намера да го освежи бековскиот пар, а на врвот на листата негови желби се Тино Ливраменто и Рајан Аит-Нури.

Двајцата се разликуваат не само по позицијата туку и по стилот на игра. Ливраменто е повеќе дефанзивно ориентиран на десната страна, додека Рајан Аит-Нури претставува офанзивно засилување на левиот бок во форма на крило.

Во овој момент, Сити изгледа блиску до ангажман на Аит-Нури. Со него во тимот многу веројатно ќе видиме промена на формацијата, можеби со тројца во одбраната.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ги избра новите капитени по заминувањето на Модриќ

Нова ера во Реал Мадрид наскоро почнува – подготовките за новата сезона стартуваат н…