Дома Останати Ракомет Пелистер: Манасков не беше приведен, само повикан на информативен разговор

Пелистер: Манасков не беше приведен, само повикан на информативен разговор

Раководството на Пелистер се огласи по шпекулациите поврзани со случувањата по ракометниот натпревар во Охрид, потенцирајќи дека нивниот играч Дејан Манасков не бил лишен од слобода, туку само бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Од битолскиот клуб информираа дека Манасков се појавил во СВР Охрид по покана на полицијата и по кратката постапка без никакви санкции си заминал дома, нагласувајќи дека информациите за негово приведување не одговараат на вистината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен да си замине. Ги демантираме тврдењата дека станува збор за приведување“, стои во реакцијата на клубот.

Сепак, ваквото соопштение отвора дилеми, со оглед на тоа што првичните информации за наводното приведување на Манасков беа пласирани врз основа на податоци добиени од официјални извори во Министерството за внатрешни работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хрватите бесни: Само тиее не се сместени во Хернинг, морале да спијат и во автобус! (Фото)

Хрвватската ракометна репрезентација е единствената која нема да бидде сместтена во Хернин…