Дома Фудбал Патрис Евра се потсмева Топџиите: Нетфликс, секс и Арсеналови „бебиња“

Патрис Евра се потсмева Топџиите: Нетфликс, секс и Арсеналови „бебиња“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Франција Патрис Евра како да го дочекал крајот на Арсенал во Лигата на Шампиони со нетрпеливост.

Поранешниот фудбалер, кој денеска на 43 години се подготвува да дебитира како ММА борец, само неколку минути по реваншот во Париз објави видео на Твитер (X) каде го коментираше последниот резултат на лондонските Топџии.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Арсенал најверојатно трета сезона по ред ќе биде втор во Премиер лигата, а ова му беше четврто последователно изгубено полуфинале во сите натпреварувања.

По тој повод Евра неодамна се пошегува и рече дека е „гледањето на Арсенал како гледање на Нетфликс, секогаш мораш да чекаш следната сезона.“

Овој пат потсети на таа изјава, но беше и многу побизарен.

„Ми е жал за Арсенал, мислам дека луѓето се многу строги кон нив. Во секој случај го сакам Артета, тој е добар пријател. Мислам дека луѓето немаат проблем со играчите на Арсенал, туку со своите навивачи – тие веруваат во сè…“, рече Патрис Евра и продолжи правејќи несоодветна метафора:

„Се шегувам за Нетфликс, јас го сакам Арсенал. Па, не можеш да ги мразиш своите бебиња, тоа е невозможно. Еве пример. Замислете убаво се забавувате со вашата жена, девојка или свршеница и уживате во тоа… и во моментот кога ќе стигнете до крај, некој ве зграпчува. Навистина е болно и станувате навистина фрустрирани бидејќи сакате да направите бебе од Премиер лигата или Лигата на Шампиони, но секогаш е истата приказна.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тврди: Навивач на Барселона ќе го суди „Ел Класико“

Во Реал Мадрид денес обвинуваат дека назначениот судија во Ел Класико, Алехандро Ернандез …