Светската фудбалска федерација (ФИФА) одобри учесниците на Светското првенство во Катар да имаат на располагање 26 играчи.
На сите репрезентации кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство во Катар годинава ќе им биде дозволено да однесат 26 играчи на завршниот турнир, потврди ФИФА. Тоа е три играчи повеќе од претходното Светско првенство во Русија во 2018 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така, селекторите ќе можат да искористат и до пет замени во текот на натпреварот, две повеќе од досега.
Пет измени станаа пракса како последица на КОВИД, додека главна причина за зголемениот број на играчи е фактот што ова ќе биде прво зимско Светско првенство, односно ќе се игра во ноември и декември, во екот на сезона кога играчите ќе треба да си заминат на еден месец, а потоа да се вратат на обврските во националните првенства.
Светското првенство во Катар се игра од 21 ноември до 18 декември.