Како и што се најавуваше – Горан Пандев е нов фудбалер на Парма!
На големо изненадување во текот на денешниот се појави информацијата дека Пандев е пред договор со „млекарите“, а сега сето тоа е потврдено. Пандев во Парма ќе игра шест месеци, а во јуни би требало според најавите да ја заврши кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Звучи како вистинска фудбалска романтика тоа што на терените на Парма на сезоната ќе ги гледаме во ист дрес, Пандев и Буфон – две легенди на италијанскиот фудбал.
Benvenuto Goran #Pandev! ✍🏻🟡🔵
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) January 31, 2022
📝➡️ https://t.co/Ntnc3jMz37#ForzaParma pic.twitter.com/he8usb4ZwX