Дома Трансфер зона Oфицијално: Ливаковиќ го напушти Динамо Загреб

Oфицијално: Ливаковиќ го напушти Динамо Загреб

Долго траеше сагата со Доминик Ливаковиќ и неговото заминување од Динамо Загреб, но на крајот се е завршено и тој ќе го чува голот на Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Утрово Динамо отпатува на дуелот со Спарта Прага во квалификациите за Лигата на Европа, но хрватскиот тим ќе биде без хрватскиот голман. Турскиот гигант официјално потврди дека Ливаковиќ пристигнува на прегледи по што ќе стави потпис на договорот.

Најава за заминувањето беше и тоа што голманот воопшто не тренираше на последниот тренинг. Според најавите пред навивачите ќе биде претставен вечерва пред натпреварот со Твенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…