Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед му се враќа на спортот.
Станува збор за Рио Фердинад долгогодишниот столб на одбраната на „црвените ѓаволи“ кој во своја 38 година од животот одлучи да му се врати на спортот, но сега зелениот терен го заменува со верувале или не, боксерскиот ринг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ферндиданд иако кариерата ја заврши пред две години, се наоѓа во одлична физичка форма, па барем според тоа и наликува на вистински боксер.
Како што најави самиот Рио неговите амбиции се големи и после титулите во фудбалот има желба да стигне и до појасот во боксот. Негов тренер ќе биде селекторот на Велика Британија кој е поранешен шампион во супер средна категорија во ВБЦ.
It's happening… Can’t wait to get started with the team @betfair have put together, @richiewoodhall and @meldeane ? #DefenderToContender pic.twitter.com/s6AmLRo7DN
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) September 19, 2017