Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг се огласи за својата иднина во редовите на „топчиите“.
Неговото име се поврзува со заминување од „Емирати“, но тој категорично ги отфрли шпекулациите дека ќе си замине од клубот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Сакам да реагирам на шпекулациите кои кружат за мене во медиумите. Луѓето сакаат да прават вести, но наместо тоа треба да се фокусираат на тоа што се случува на теренот. Тие зборуваат многу. Јас сум капитен на Арсенал, го сакам овој клуб. Посветен сум на него и посакувам да го вратам назад на врвот, каде што припаѓа“ –изјави Обамејанг.