Дома Фудбал Останато Ова би било спектакл: Мејведер и Пакјао повторно влегуваат во ринг?!

Ова би било спектакл: Мејведер и Пакјао повторно влегуваат во ринг?!

Филипинскиот боксер Мени Пакјао откри дека реваншот со Американецот Флојд Мејведер би можел да се случи во 2026 година, и тоа во познатото казино MGM Grand во Лас Вегас.

Пакјао, кој има 46 години, останува единствениот боксер што ги има освоено титулите на светски шампион во осум различни категории.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Во моментов разговараме за следната моја борба, и возможно е повторно да се соочам со Мејведер. Се водат многу преговори, што го отежнува планирањето на која борба закажувања. Чекам на конечните договори“, изјави Пакјао на прес-конференција.

Во јуни, филипинската боксерска икона беше примена во Меѓународната куќа на славните. Тој се повлече во 2021 година со 62 победи, од кои 39 со нокаут, осум порази и три ремија. Пакјао гја носеше и титулата сенатор на Филипините од 2016 до 2022 година.

<
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Состојбата на Аспинал е сериозна: Воопшто не гледа со едното око и станува полошо…

Обидот на Том Аспинал да ја одбрани титулата во тешка категорија во УФЦ заврши на најлош м…