
Лука Дончиќ и Анамарија Голтес моментално водат жестока судска битка за старателство над двете ќерки, а како што пренесуваат странските медиуми, кошаркарот наводно најмногу се разлутил затоа што Анамарија сакала да живее со децата во Словенија. Тоа во пракса би значело дека Лука би ги гледал многу ретко, особено за време на напорните сезони во НБА.
Како што наведуваат американските медиуми кои внимателно го следат оваа ‘валкана војна’ на поранешните свршеници, Лука наводно месеци пред конечната разделба се обидувал да ја убеди Анамарија да се пресели во Калифорнија, што таа категорично го одбивала. Токму тоа несогласување околу местото на живеење е наведено како главна причина за нивното разделување, на што наводно му претходеше и оној несреќен инцидент со полицијата во словенечката болница.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Американскиот „ТМЗ“ објавува и уште еден пикантен детал. Дончиќ наводно во судските записи си дозволил и ‘отровен’ коментар за поранешната свршеница, велејќи ѝ да ‘ја погледне картата на светот’ бидејќи се бори за издржување на сосема погрешен суд.