Дома Фудбал От Ман Сити објавија договор на вредност од 1 милијарда фунти

От Ман Сити објавија договор на вредност од 1 милијарда фунти

Од Манчестер Сити објавија дека го продолжиле актуелниот договор со Пума за уште 10 години, со тврдења во локалните медиуми дека новиот договор практично има вредност од една милијарда фунти.

На “Етихад” ќе собираат по 100 милиони од британската валута во секоја од следните десет сезони. Претходниот договор помеѓу двете страни беше потпишан во 2019 година и вредеше 65 милиони на сезона, но успесите во последните години и континуираниот раст на клубот наложија значително зголемување на сумата и преговор на условите.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Новиот договор ќе важи до летото 2035 година и станува најголемиот спонзорски договор со Премиер лигата. Весникот “Сан” оди подалеку, тврдејќи дека договорот е рекорден во светот на фудбалот, надминувајќи го оној на Реал Мадрид и Адидас, кој е вреден 950 милиони фунти.

За споредба, градскиот ривал Манчестер Јунајтед заработува околу 90 милиони фунти од својот договор со Адидас, кој беше обновен пред две лета. Во последните шест сезони Манчестер Сити успеа да освои четири титули во Премиер лигата, како и тројна круна пред две сезони, а двете страни заеднички постигнаа рекордни продажби на светско ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …