Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес и официјално стигна до една од неговите најголеми цели во кариерата. Новак од денес е тенисерот со најмногу недели поминати на врвот на АТП листа. Ѓоковиќ ја започнува 311 недела како лидер на АТП и зад себе го остави Роџер Федерер со 310. Зад нив следат Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и …