Дома Останати Ѓоковиќ е „кралот“ на Австралија!

Ѓоковиќ е „кралот“ на Австралија!

Новак Ѓоковиќ стигна до 9-та титула на Австралија Опен, откако во финалето за помалку од два часа го победи Даниел Медведев со 3:0.

Во првиот сет се играше рамноправно до самиот крај, кога Ѓоковиќ направи брејк и го освои сетот со 7:5.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во останатите два сета видовме комплетна доминација на Ѓоковиќ, кој покажа дека игра во врвна форма.

Медведев направи бејк на стартот на вториот сет, но Ѓоковиќ веднаш врати и на крајот го освои сетот со 6:2.

Во третиот сет Медведев додатно падна во играта, па Србинот без никакви проблеми го освои со 6:2 за нова титула во Мелбурн.

Ова за Ѓоковиќ беше 9-та титула во Австралија и 18-ти Грен слем во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…