
Бразилскиот фудбалер Оскар после цели осум години поминати во Кина сака да се врати во својата татковина и таму да ја продолжи кариерата.
Оскар пристигна во Европа како „новиот Кака“, блескаше во дресот на Челзи, а потоа направи изненадувачки трансфер во Кина во 2016 година за 60 милиони евра.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
Оскар тогаш потпиша договор со кој заработуваше 400.000 фунти неделно и стана најплатен фудбалер во светот.
Иако Кинезите набрзо запреа со инвестиции во фудбалот, Оскар остана во Шангај цели осум години и сега сака да се врати во Бразил.
За тоа време Оскар заработи скоро 200 милиони евра, или попрецизно 192 милиони евра плус бонуси.