Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите во Македонија.
Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во новогодишното интервју одговараше на новинарски прашања од медиумите во Македонија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Првиот човек на ФФМ одговараше на секаков вид на прашања, поврзани со клупскиот и репрезентативниот фудбал, судиската комисија, ВАР-технологијата, спонзорства, инвестиции, поддршка од државните институции и локалната самоуправа поврзана со инфраструктурата, враќањето на фудбалските великани во „Куќа на фудбалот“…
Од новинарите Омерагиќ доби и прашање дали било тешко да собере толку познати имиња во „Куќата на фудбалот“ (Илија Најдоски, Горан Пандев, Ѓорѓи Христов, Агим Ибраими…)
„Воопшто не беше тешко затоа што сите размислуваме исто. Исто така имаме и една цел, а тоа е да имаме подобар фудбал. Сите личности кои ги спомнавме оставиле некоја трага, го сакаат фудбалот, немаат финансиски амбиции и најголемата желба е да ја подобриме ситуацијата. За време на мојот мандат голем цел е да настапиме барем на уште едно-две европски првенства или барем едно светско, ќе бидеме среќни ако тоа го исполниме и ја израдуваме нацијата“, изјави Омерагиќ.