Дома Фудбал Олмо за Барселона: Ние сме група на пријатели што играат фудбал, тоа се чувствува на теренот

Олмо за Барселона: Ние сме група на пријатели што играат фудбал, тоа се чувствува на теренот

Дани Олмо ја започнува својата втора сезона во дресот на Барселона со големи амбиции. Во разговор за Mundo Deportivo откри што очекува од сезоната, зборуваше за тренерот Ханси Флик и тимот на Барселона го опиша како група на пријатели што играат фудбал и откри интересни детали од соблекувалната на шпанските шампиони.

На прашањето што очекува Флик од него и од екипата, Олмо кратко и јасно одговори: “Истото како и минатата година, да бидеме на највисоко ниво, и јас и сите останати, за да победуваме повторно.”

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голем број играчи на Барселона воедно се и шпански репрезентативци.

“Една од причините што ме мотивираше да дојдам беше токму можноста да играм секоја недела со играчи како Педри, Ламине Јамал, Феран…. Тоа е предност за тимот, ние сме група на пријатели што играат фудбал и тоа се чувствува на теренот.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, се враќа во Англија каде што ќе продолжи со тренинз…