Дома Фудбал Олмо може да игра за Барселона само до крајот на 2024: Каталонците испратија молба!

Олмо може да игра за Барселона само до крајот на 2024: Каталонците испратија молба!

Дани Олмо може да игра за Барселона само до 1 јануари: Каталонците денес испратиле молба до Ла Лига да му ја продолжи регистрацијата

Олмо е регистриран до 1 јануари за натпреварите во Ла Лига, а како што стојат работите сега, од почетокот на 2025 година нема да може да игра за Барселона поради тоа што каталонскиот клуб ги прекршил правилата на финансискиот фер-плеј.

Поради тоа, денес во судот во Барселона се сретнале челниците на каталонскиот клуб и Игнасио Фернандез де Сенеспледа, судија на Ла Лига. Сенеспледа ќе ја донесе конечната одлука на 27 декември, јавуваат шпанските медиуми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Барселона се уверени дека Олмо и натаму ќе игра за Барселона бидејќи истиот судија во сличен случај му дозволи на Гави да игра за Барса.

Да потсетиме, тогаш Барселона се повика на тоа дека на Гави мора да му се овозможи едно од основните човекови права, а тоа е правото на работа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му одговори на Ламин Јамал по провокациите пред „Ел Класико“

Чаби Алонсо одржа прес конференција пред Ел Класико и не помина без одговор на изјавата на…