Дома Фудбал Олмо има сѐ во свои раце – може да ја натера Барселона да му исплати 50 милиони евра

Олмо има сѐ во свои раце – може да ја натера Барселона да му исплати 50 милиони евра

Сагата со неуспешната регистрација на Дани Олмо за Барселона е една од главните приказни на трансфер периодот. Да потсетиме, шпанскиот гигант мора да го усогласи своето работење со финансискиот фер-плеј на лигата за да му биде дозволено да го регистрира Олмо и за вториот дел од сезоната. Доколку тоа не успее, последиците ќе бидат големи и на спортски и на финансиски план.

Ако Барселона не успее до 2 февруари, ден пред затворањето на зимскиот трансфер период, да реши сѐ што треба, Олмо може да го раскине договорот со Каталонците кој трае до 2030 година. Во тој случај, Барселона би морала наеднаш да исплати речиси 100 милиони евра. Педесет милиони на Олмо во вид на сите плати до крајот на договорот и нешто помалку од 60 милиони евра на поранешниот клуб на Олмо, Лајпциг.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Шпанскиот играч од средината беше продаден во Барселона ова лето за 55 милиони евра. При тоа, клубот се обврза да им плати на Германците во три рати, но Лајпциг се заштити и стави во договорот клаузула според која Барселона е должна да го исплати целиот износ одеднаш ако договорот биде предвреме раскинат.

Според шпанските медиуми, Барселона веќе ја исплатила една рата на Германците од околу 15 милиони евра, што значи дека треба да им исплати уште приближно 40 милиони евра. Кога ќе се додаде и платата на Олмо, дебаклот со Олмо би можел наеднаш да ја чини Барселона 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ ќе активира „зимска бомба“ од 80 милиони евра

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен се обидува да го оствари најголемиот трансфер во Европа в…