
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.
Оклахома ја победи Индијана со 103:91 во решавачкиот седми натпревар во големото финале и ја освои историската титула на франшизата со резултат од 4-3 во серијата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Домашниот тим одигра одлична тимска кошарка, сепак, натпреварот во Оклахома го обележа тешката повреда на Тајрис Халибартон. По само седум минути игра, Хали ја повреди Ахиловата тетива, веројатно ја скина, а Пејсерс беа без главниот организатор на играта до крајот на натпреварот.
Оклахома клучната предност ја оставри на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина кога стигнаа до +21.
Индијана не успеа да се врати и Тандер ја освоија титулата. Шеј Гилџис-Александер одигра добар натпревар, 29 поени и 12 асистенции, по него следуваа Вилијамс со 20, Холмгрен со 16 поени, осум скока и пет блокади, како и Карузо и Волас со 10 поени.
Бенедикт Матурин беше најефикасен во поразениот тим со 20 поени, 13 скока и три асистенции.
За МВП на финалето е прогласен Гилџис-Александер, кој претходно беше прогласен и за МВП на сезоната и избран во најдобрата петорка во лигата.