Дома Останати Ракомет Охрид со моќна партија ја прегази Дукла Прага

Охрид со моќна партија ја прегази Дукла Прага

Охрид е на чекор до четвртфиналето во Европскиот куп на Европската ракометна федерација, откако на свој терен убедливо ја надигра чешката Дукла Прага со 30-21 во првиот осминафинален натпревар.

Македонскиот суперлигаш уште од стартот покажа дека ќе ја диктира играта. Со фуриозна серија од 6-0, охриѓани рано создадоа солидна предност и до крајот на првото полувреме целосно ја контролираа ситуацијата на паркетот, заминувајќи на одмор со 16-9.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во продолжението, гостите се обидоа да се вратат во игра, но Охрид не дозволи изненадување. Разликата постепено растеше и во еден момент достигна и плус 13 (30-17), што беше јасен показател за доминацијата на домашниот состав. Во финишот Дукла само ја намали негативата за конечни 30-21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар добива големо засилување од Војводина

Ракометниот гигант Вардар прави сериозен чекор кон засилување на ростерот во клучниот дел …