Дома Фудбал Останато ОФМ ги одложи сите натпревари во деновите на жалост

ОФМ ги одложи сите натпревари во деновите на жалост

Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари коишто требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.

Владата на Р.С. Македонија на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…