Дома Фудбал Официјално: Милан го претстави засилувањето од кое пари ќе добие и Јувентус

Официјално: Милан го претстави засилувањето од кое пари ќе добие и Јувентус

Кони Де Винтер, досегашниот играч на Џенова, денес официјално потпиша договор со Милан, кој ќе трае до 30-ти јуни 2030 година.

Миланскиот клуб не откри финансиски детали од договорот, но според италијанските медиуми, трансферот на 23-годишниот белгиски дефанзивец изнесува околу 20 милиони евра.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Џенова ќе заработи 18 милиони евра по трансферот, заедно со дополнителни два милиони евра во бонуси.

Поранешниот клуб на Де Винтер, Јувентус, ќе добие процент од 20 до 25 од вкупната сума, како дел од договорот склучен во 2024 година, кога беше продаден на Џенова за осум милиони евра.

Де Винтер ги заврши медицинските прегледи во вторникот. Неговиот годишен надоместок ќе изнесува 1,8 милиони евра, а ќе игра со дрес со број пет во тимот на Милан.

Своите почетоци во фудбалот ги има во Белгија, а во 2018 година се приклучи на младинскиот тим на Јувентус. Имаше договор со италијанскиот гигант до 2024 година, за време на кој настапуваше за тимот под 23 години и беше на позајмица во Емполи и Џенова, каде што се пресели минатата година.

Има настапи за младинските селекции на Белгија, а својот дебитантски настап за сениорскиот тим го имаше во март годинава, досега собирајќи четири настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…