Дома Фудбал Официјално: Чаби Алонсо го потврди заминувањето од Леверкузен!

Официјално: Чаби Алонсо го потврди заминувањето од Леверкузен!

Потврдено е дека Чаби Алонсо ќе го напушти Баер Леверкузен летово.

Зборувајќи на прес-конференцијата пред натпреварот со Борусија Дортмунд, Чаби Алонсо потврди дека неговото време со Леверкузен завршува.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


“Клубот и јас се договоривме дека овие два натпревара ќе бидат мои последни како тренер на Бајер Леверкузен,” изјави тој.

шШпекулациите за заминувањето на Шпанецот повторно се појавија утрово откако Скај Германија извести за можната одлука.

Се најавува дека 43-годишниот стратег ќе седне на клупата на Реал Мадрид веќе извесно време, иако ништо не е потврдено, тоа може да биде неговата следна дестинација.

Алонсо постигна големи успеси во своите 138 натпревари со Леверкузен во текот на две и пол сезони.

Во своите досегашни 183 натпревари, забележа 89 победи, 31 нерешено и само 18 порази, додека во сезоната 2023-24 ги освои Бундеслигата и Купот на Германија.

Фото: Baeyr Leverkusen/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …