Дома Фудбал Oфицијално: Олмо е слободен фудбалер!

Oфицијално: Олмо е слободен фудбалер!

Барселона не успеа да го регистрира Дани Олмо, Ла Лига не ја прифати документацијата што ја достави каталонскиот клуб и Шпанецот од полноќ е слободен играч!

Како што е познато, сагата трае со денови, жалбите на Барса беа одбиени од два суда, Ла Лига бараше однапред авансно исплатени средства од компаниите од Дубаи кои во наредните 20 години ги откупија ВИП ложите на „Камп Ноу“.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Дани Олмо чекаше, беше оптимист, клубот го уверуваше дека ќе го решат прашањето на еден или друг начин, но Лапорта повторно разочара.

Сепак, Олмо преку социјалните мрежи порача дека во 2025 година размислува само за останување во Барселона и дека не сака само така да си оди.

Најверојатно, Ла Лига го препушти случајот на ФС Шпанија (RFEF), кој ќе даде на Барса уште 72 часа да ја реши ситуацијата, но останува нејасно што Лапорта може уште да направи за да ја исправи и среди ситуацијата и да го регистрира Олмо.

Шпанецот не сака да го напушти клубот, но ако биде принуден, не е исклучено дека би можел да замине на позајмица до крајот на сезоната, па Барселона до лето да ги реши финансиските проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал со супер-пресврт против Валенсија

Реал Мадрид стигна до голема победа на гостувањето кај Валенсија и тоа со пресврт буквално…