
По репрезентативната пауза, Реал Мадрид има четири врзани гостувања, а одбраната е значително ослабена.
Од Бразил е дојден со повреда Едер Милитао кој ќе паузира околу две недели, што претставува голем проблем за Чаби Алонсо. Антонио Ридиґер сѐ уште не се вратил по долгата пауза, Дин Хаусен го напушти кампот на Шпанија поради дискомфорт, но не е повреден, додека опциите остануваат само Раул Асенсио и Давид Алаба.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Реал Мадрид има четири врзани гостувања во сите натпреварувања, најпрвин за викенд против Елче, потоа против Олимпијакос во Лигата на шампионите, па против Жирона и Атлетик Билбао.
Милитао има шанса да се врати токму за последното и најтешкото гостување во Баскија, додека до тогаш стоперскиот тандем најверојатно ќе го сочинуваат Хаусен и Асенсио.
Реал Мадрид е лидер на Ла Лига со три бода повеќе од Барселона, додека во Лигата на шампионите е моментално на седмо место со девет освоени бода.