
Македонската одбојкарска репрезентација ќе го продолжи успешниот низ и по четврти пат по ред ќе биде дел од Европското првенство.
Ждрепката ги смести избраниците на Јошко Миленковски во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел. Иако првично беше најавено дека натпреварите ќе се играат во Варна, по консултациите меѓу ЦЕВ и Бугарската одбојкарска федерација, донесена е конечна одлука домаќин на групата да биде главниот град – Софија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„По вонреден состанок на Управниот одбор на федерацијата, решено е Софија да биде град-домаќин на ЕвроВолеј 2026“, стои во соопштението на бугарската федерација.
Ваквиот развој на настаните е одлична вест за македонските одбојкари и за навивачите, бидејќи патувањето до Софија е многу полесно отколку до Варна, што отвора можност репрезентацијата да има поголема поддршка од домашната публика.