Дома Фудбал Останато Oдбојкарските судии ќе донираат за настраданите во трагедијата во Кочани

Oдбојкарските судии ќе донираат за настраданите во трагедијата во Кочани

Судиската организација на Одбојкарската федерација на Македонија, водена од чувството на солидарност донесе одлука сите средства од судиските и делегатските такси од Финалниот турнир на Купот на ОФМ, кој од 3 до 5 април ќе се одржи во салата „25. Мај“ во Радовиш, да бидат донирани за поддршка на семејствата погодени од разорниот пожар во Кочани.

Претседателството на Судиската организација ваквата одлука ја донесе на својата редовна седница, а исклучок од оваа донација ќе бидат средствата наменети за линиските судии, записничарите и покривање на патните трошоци.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


„Со оваа одлука, како судиска организација, сакаме да изразиме длабока емпатија и искрена поддршка кон сите кои беа погодени од оваа несреќа. Секој гест на солидарност, секоја донација, е само мал обид да се ублажи болката на оние кои претрпеа ненадоместливи загуби. Веруваме дека во моменти на тага и неизмерна болка, човечката блискост, хуманоста и сочувството се најголемите дарови што можеме да ги споделиме, а особено во моменти кога е најпотребно. Нека оваа донација биде симбол на нашата поддршка, нашето разбирање и нашата искрена желба да помогнеме. Во името на нашата судиска организација, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за трагичните загуби.

Истовремено, упатуваме искрени желби за брзо закрепнување на сите повредени, кои во овие тешки мигови се борат за своето здравје, како во нашата земја, така и во странство“, стои во соопштението од Судиската организација на ОФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УФЦ-спектаклот во Мексико започна со брутален нокаут (Видео)

Американскиот борец Џамал Емерс ја демонстрираше својата сила и трпение во дуелот против Г…