Дома Фудбал Одбиена првата понуда на Челси: Барселона ја одреди цената за Фермин Лопез

Одбиена првата понуда на Челси: Барселона ја одреди цената за Фермин Лопез

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ја одбила понудата од 50 милиони евра која Челси ја испрати за талентираниот полуофанзивец Фермин Лопез. Иако се сметаше дека сумата би можела да биде доволна за трансфер, раководството на „блауграна“ јасно ставило до знаење дека играчот нема да биде продаден за помалку од 70 милиони евра.

Интересот на Челси за 21-годишниот фудбалер не е нов, а англискиот клуб е подготвен да му понуди и значително повисока лична заработка. Според информациите, Фермин моментално во Барселона има околу шест милиони евра бруто плата годишно, додека Челси му нуди дури 15 милиони бруто – повеќе од двојно зголемување.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, останува нејасно дали „сините“ ќе се одлучат да ја зголемат понудата и да се приближат до барањата на каталонскиот клуб или ќе се повлечат од трката.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…