Дома Бокс Обложувалниците ги објавија коефициентите – ова е фаворитот во борбата меѓу Фјури и Усик

Обложувалниците ги објавија коефициентите – ова е фаворитот во борбата меѓу Фјури и Усик

Вечерва во Ријад не очекува спектакл во тешка категорија. Олександр Усик и Тајсон Фјури, двајца од најдобрите светски боксери, ќе се соочат во реваншот за трите престижни појаси на светскиот првак.

Мечот е закажан за 22 часот, а на рингот ќе излезат Украинецот и Британецот, откако Усик во првиот меч победи со судиска одлука и стана апсолутен првак на светот. Сепак, ИБФ појасот нема да се смета во оваа борба бидејќи Усик го изгуби правото на него поради специјални правила на организацијата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Усик влегува во борбата со 102.5 килограми, додека Фјури тежи 127.5 килограми, што го прави најтежок во неговата досегашна кариера.

Фјури има 34 победи, една нерешена борба и еден пораз, кој му го нанесе Усик на 17 февруари оваа година. Професионалната кариера ја започна во 2008 година, а единственото нерешен меч го забележа против Деонтеј Вајлдер во 2018 година. Усик, од друга страна, е непоразен и има 22 победи во исто толку борби.

Според обложувалниците, Усик е фаворит за победа. Коефициентот за неговиот триумф изнесува 1.65, додека Фјури е блага аутсајдер со квота 2.10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Тajсон: Ниту во најдобрите денови не би можел да го победам Али

Мајк Тајсон важеше за еден од најстрашните боксери во историјата на спортот, а многумина г…