Она што можеше и да се претпостави сега доби официјална потврда, мечот ПИК Сегед – Вардар е одложен.
Поради зголемиот број на случаи со коронавирус во ПИК Сегед ЕХФ го одложи натпреварот кој требаше да се игра во четврток.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ваквиот развој на настаните можеше да се претпостави откако Вардар денес не направи тестови на Ковид-19 кои се задолжителни.
За Вардар и ПИК Сегед ова е втор одложен натпревар. ПИК Сегед не играше против ПСЖ, додека на Вардар му беше одложен натпреварот од минатото коло кој требаше да го игра дома против Елверум.