Денес ЕХФ и официјално го потврди распоредот за Европското првенство во Германија по што е познато дека македонските ракометари ќе имаат посебно искуство да играат на фудбалски стадион.
Македонија натпреварот против Франција на ЕП 2024 ќе го игра на „Меркур Шпил Арената“, стадионот на фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдроф кој има капацитет од 50.000 гледачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од претходната најава според која Македонија требаше да игра во вечерен термин, сега е сменето и Македонија со Франција ќе игра од 18:00 часот на 10-ти јануари, додека во вечерниот термин (20:45 часот) домаќинот Германија ќе игра против Швајцарија.
Целта на организаторите со играњето на фудбалскиот стадион е да постават нов ракометен рекорд по посетеност и најавите се дека стадионот ќе биде исполнет. ЕХФ нуди двојни билети и секој кој ќе купи билет за Германија – Швајцарија, ќе може да го гледа и натпреварот Македонија Франција.
По ова прво коло од групата А сите четири репрезентации се селат во Беерлин каде што ќе се доиграат преостанатите натпревари од групата. Македонија на 14-ти јануари се среќава со домаќинот, а два дена подоцна со Швајцарија.