Иако се најавуваше, но веројатно не се очекуваше толку брзо Един Џеко да добие нов клуб.
Утрово, Фенербахче официјално објави дека Џеко ќе биде нивни нов играч. Џеко се поврзуваше со турскиот гигант изминатиот период, а сега бил постигнат конечен договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Фенербахче тој ќе потпише договор на две години, а турскиот гигант нема да плати никаква оштета затоа што пристигнува како слободе ниграч.
„Един Џеко дојде во Истанбул да ги помине медицинските прегледи, по што ќе следи потпис на договорот“, објави Фенербахче утрово.
Со овој трансфер се става крај на осумгодишната епизода на Џеко во италијанскиот фудбал.
Bilgilendirme
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) June 22, 2023
Dünyaca ünlü golcü Edin Dzeko sağlık kontrollerinden geçmek ve transfer görüşmelerini tamamlamak üzere İstanbul’a gelecektir.
Kamuoyunun bilgisine sunarız.
Fenerbahçe Spor Kulübü pic.twitter.com/MH8o5cEEMM